Македонија

Џолев, во однос на критиките кон судството: Никаде не зборуваме за успесите, ние работевме и во пандемија, а во Грција судовите се под клуч

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, во однос на критиките кон судството, рече дека не може да се исклучи фактот, дека во една судска постапка освен судија професионалец, учествуваат и судии поротници кои се претставници на граѓанскиот сектор со право на глас исто како и судијата. Тој својот став го сподели на јавната дебата „Истражување и анализа на состојбите со корупцијата во правосудството“ во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата.

– Никаде не зборуваме за успесите. Во едно време на пандемија, која трае две години, во нашиот сосед Грција судовите се под клуч. За разлика од нив, кај нас се суди и инсистираме да дојдеме до правдата и да се завршат предметите. Во овој период се завршија голем број предмети. Никаде нема пофалба, и не е убаво сами да се фалиме, рече Џолев.

 

На почеток