Македонија

(ВИДЕО) Со тегнење и влечење полиција иселува 70-годишна жена од Карбинци, бидејќи извршител им ја зема куќата

Полицијата во текот на вчерашниот ден насилно го исели семејството на Ристе Бањоглав од Долни Балван, Карбинци. Приведена беше и неговата мајка, која е во поодминати години, оти не и дозволувала на извршителката да и ја земе куќата, единственото место кое го има за живеење, објавува 24мк.

Пред шест години тој зел пари на заем од роднина, како залог ја оставил куќата. Како што вели тој дел од парите ги вратил за неколку месеци, но бил одбиен долгот што пораснал поради каматите да го плати на рати. За долг од 10.000 евра, Бањоглав ја изгубил куќата и трлото како и земјиштето под нив, а неговиот имот 18 пати одел на лицитација, вели тој во изјава за 24.мк

Ристе вели дека двојно го исплатил основниот долг , но се нашол помеѓу спрегата лихвар, нотар и извршител кој го прогонувал со години. Решение добил на 14 јули 2021 за да нема право да се жали до Апелација. Неговата мајка на чие име се води имотот одбила да го потпише документот со кој нивната куќа се предава на доверителот.

На почеток