Коментари

Морачанин вели струјата не треба да биде евтина, треба да биде скапа, граѓаните и одговорија: И ти треба да земаш плата од 200 евра, за да трошиш помалку

Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, коалицискиот партнер на СДСМ, од собраниската говорница порача дека струјата не треба да биде евтина, односно дека граѓаните треба да плаќаат поскапа електрична енергија.

-Мојот став е сосема поразличен. Јас сметам дека електричната енергија не требада биде евтина, затоа што ако струјата е евтина, тоа доведува до поголема потрошувачка, а ние треба да ја штедиме електричната енергија – порача Морачанин.

На ова новинарот Кристијан Ландов преку социјалната мрежа ФБ и одговори:

-И ти треба да земаш плата од 200 евра, за да трошиш помалку, ама секој месец лапаш 60.000. Е па тоа е, напиша Ландов на ФБ.

 

На почеток