На 17.07.2021 по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистички работи Ѓорче Петров приведен е Е.Х.(34) од Скопје, поради тоа што истиот ден од паркинг покрај пазарчето во Ѓорче Петров одзел патничко моторно возило „југо 45“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.П.(65) од Сарај.
Возилото е пронајдено во с.Рашче и вратено на сопственикот и со ова е целосно расчистено кривично дело по член 242 од Кривичниот законик „одземање на моторно возило“. По документирање на случајот против Е.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведено едно лице, пронајдено украдено возило
Од
Објавено на