Ноќеска полицијата уапсила тројца сопственици на кафеана во Тетово, бидејќи организирале свадба со околу 200 гости.
Во угостителски објект во Тетово од полициски службеници уапсени били С.Т.(26), М.Г.(26) и Н.П.(26), сите од Тетово, сопственици на објектот.
Тие постапувале спротивно на здравствените прописи за време на епидемија и во објектот организирале веселба со околу 200 гости, информираат од МВР.