Македонија

По удар на гром на плажата „Оревче“ во Охрид, 13 лица побарале помош во болница

Денеска околу 15 часот на плажата „Оревче“ во Охрид од удар на гром повредени се вкупно 13 лица,  информираат од СВР Охрид.

На лице место дошла и Брза помош, а пет лица се однесени во болница со полесни изгореници здобиени од ударот на гром, а останатите кои во болница отишле сами се пожалиле на претрпен страв, како и тахикардија, уплав и зуење во ушите. Најголем дел од нив се Битола и Ресен.

На почеток