Македонија

Д-р Балевски: 5 лица побараа помош од ударот од гром – ниту едно лице не е хоспитализирано

Попладневното невреме ги вознамири Охриѓани и гостите. Посебно информациата дека гром удри на плажата „Оревче“ предизвика немир.

Директорот на Општата болница од Охрид, д-р Горан Балевски за Скопје 1 вели по несреќата само 5 лица побарале помош во хируршкиот блок при Општата болница.

„Пациентите кои побараа помош се со мали изгореници и се жалат на зуење во ушите. Истите ги прегледаа и соодветно згрижија дежурните доктори при општа болница поточно хирург и доктор од уво нос и грло. Пациентите се добро. Ниту едно лице не е хоспитализирано“, вели Балевски.

Инаку денеска околу 15 часот Охридско – струшкиот регион го зафати силно невреме.  Слично време ќе преовладува до вторник.

На почеток