Македонија

Во Саранда извадена давеничка во бесознание на возраст од 15 години, ја спасил болничарот Јовица Ѓоргиев од Итната помош

Денеска на Градската плажа во Саранда, во Албанија, се случи инцидент. Имено, на плажата е извадена давеничка во бесознание на возраст од 15 години.

Девојчето било извадено на плажата без знаци на живот и помодрено.

На нејзина среќа, на плажата летувал нашиот болничарот Јовица Ѓоргиев од Брзата помош.

Докторот по инцидентот се огласи на својот ФБ профил. Тој пишува дека според обуките на докторите во Брзата помош, тој извршил итна реанимација која била успешна, па девојчето се освестило. Потоа било преземено од медицинската екипа на Брзата помош во Саранда и е надвор од животна опасност.

На почеток