Медиасет

(ВИДЕО) Џеф Безос се прошета до вселената и назад за 10 минути и 20 секунди

Милијардерот Џеф Безос денеска одлета до вселената со првиот лет на неговата компанија со патници, со што стана вториот човек за помалку од 10 дена кој постигнал ваков успех. По 15 успешни пробни летови без луѓе, ова беше првиот вселенски лет на неговата компанија Blue Origin на кој беа присутни и луѓе.

Безос полета oд пустината во Западен Тексас до работ на вселената во 15:12 часот по средноевропско време, а лансирањето можеше да се гледаше преку сајтот Blue Origin и на YouTube.

Летот траеше 11 минути.

Првиот лет го изведе ракетата New Shephard наречена по Алан Шепард, првиот Американец во вселената.

На почеток