Македонија

Јанева ќе бара одложување на издржувањето на седумгодишната затворска казна, најавува нејзината одбрана

Поранешната Специјална јавна обвинителка, Катица Јанева ќе бара одложување на издржувањето на седумгодишната затворска казна, најавува нејзината одбрана откако вчера Апелацискиот суд ја потврди првостепената судска пресуда за случајот „Рекет“ во кој освен Јанева беше осуден и Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13, со што пресудата стана правосилна, објави analitikum.mk/

Нејзината адвокатка, Ирена Фрчкоска за „Фокус“ вели дека ќе поднесат вонреден правен лек до Врховниот суд, но и дека кога ќе го добијат упатниот акт, ќе побараат одложување на издржувањето на затворска казна. Сепак, Фрчкоска се уште не може да каже врз основа на што ќе бараат одложување бидејќи пресудата се уште ја немаат официјално добиено и веста за одлуката ја слушнале од медиумите.

Двајцата осудени се во домашен притвор, а од Кривичниот суд најавуваат соопштение за тоа каква е процедурата за издржувањето на казната затвор конкретно за овој случај.

Инаку за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски е осуден на 9 години затвор, а Катица Јанева на 7 години затвор. Боки 13 е осуден за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а поранешната шефица на СЈО, Јанева, за злоупотреба на службената положба и овластување. Обвинителството го гонеше Јовановски дека земал 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, за да заедно со

На почеток