Македонија

Почна судењето за „Јавна соба“

Започна судењето за случајот „Јавна соба“. Обвинетите Дарко Костовски и Михаил Паневски беа спроведени од притвор во Шутка. На денешното прво рочиште воведни зборови даде обвинителството кое ги товари за производство и дистрибуција на детска порнографија.

-Двајцата обвинети, како основач и модератор на групата “Јавна соба” на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио – визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудиовизуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете.- Владимир Милошевски– Обвинител

За адвокатите на првообвинетиот, обвинението е без докази и побараа укинување на притворот.

По силните реакции во јавност околу случајот и Министерството за правда најави измени на Кривичниот законик, односно додавање на терминот “Демнење”, кои наскоро се очкеува да ја поминат владината процедура.

На почеток