Македонија

Амбасадорката Брнз го брифираше Мицкоски за Извршната наредба на Бајден за Западен Балкан

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз, денеска се сретнала со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за да го брифира за извршната наредба на претседателот на САД, Џо Бајден, за Западен Балкан.

Информацијата за средбата на Твитер ја сподели Брнз.

Со наредбата на Бајден, се прошири опфатот на лицата од Западен Балкан кои ќе бидат ставени на црната листа на САД и ќе им се забрани влез, а ќе им се замрзне и сиот имот и пари кои ги поседуваат во САД односно истите нема да може да бидат пренесени, платени, извезувани, повлечени.На листата, како што е познато, треба да се најдат лицата кои не го почитуваат Преспанскиот и Охридскиот договор, како и оние кои се вклучени во корупција односно ги поткопуваат демократските процеси или институции на Западен Балкан.

На почеток