Тетовец е приведен откако синоќа се обидел да натепа лекар во Клиничката болница Тетово.
„Ј.А.(43) во болницата се однесувал агресивно и се обидел физички да го нападне лекарот“, соопшти МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
