ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ доби сосема нов лик благодарение на посветеноста на локалната самоупава и Министерството за образование и наука.

Изградена е нова современа спортска сала

Реконструиран е покривот на училишната зграда

Поставена е нова енергетски ефикасна фасада

Поставени се нови пвц прозорци

Поставени се нови подови во сите училишни простории

Реконстуирани се таваните

Обновени се внатрешните ѕидови

Поставено е ново осветлување

Во моментот се изведуваат работни активности за реконструкција на спортските терени, а наскоро треба да започне обнова на подовите во ходничните простории и уредување на дворот пред влезот на училиштето, пишува во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.