Македонија

Георгиески за одлуката на УНЕСКО: За мене ова е нова енергија и мотив да продолжиме уште посилно во спроведување на решенија, кои ќе значат зачувување на статусот на светско наследство

Денешната консензуална одлука на Комитетот за светско природно и културно наследство на УНЕСКО за Охридскиот регион е вистинска потврда за нашите досегашни заложби, во исполнувањето на дадените препораки, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот во објавата додава:
✔️Ова особено се однесува на успешните и сериозни активности кои Општина Охрид ги реализираше во делот на отстранување на бесправните градби, уредување на крајбрежјето и доследното почитување на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство.
✊За мене оваа одлука е нова енергија и мотив да продолжиме уште посилно во спроведување на решенија, кои ќе значат зачувување на статусот на светско наследство, што веќе 40 години го поседува овој регион.
📢Во името на граѓаните на Охрид, упатувам благодарност до Комитетот за дадената шанса, со уверување дека ќе ги вложиме сите напори за да покажеме дека знаеме да го чуваме и да грижиме за непроценливото богатство кое го имаме.

На почеток