Македонија

Се плашат ли големите партии од независните листи – договориле измена на Изборниот закони, ќе треба тројно повеќе потписи за кандидатура

Непосредно пред локалните избори големите партии договориле измена на Изборниот законик. Со овие измени се зголемува прагот за собирање на потписи за независни листи на кандидати за советници и градоначалници, соопшти премиерот Зоран Заев.

„Апсолутно не се работи за некој договор меѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, тука беа и Алијанса, тука беа и Левица ги гледам коментарите, беа сите коишто учествуваа на самиот Предлог-закон, на крајот законот се носи во Собранието и секако таму може да се отвори дебатата што е соодветна“, рече премиерот Заев.

Заев математички објасни, што значат промените кои ги договориле како што вели, сите парламентарни партии во Собранието.

„Утврден е праг, предлог од работната група до Собранието од два проценти. Два проценти значи, десет илјади избирачи, 200 потписи треба да соберат. Сто илјади избирачи, две илјади потписи“, додаде Заев.

Додека премиерот зборува за потписи од запишани избирачи, Изборниот законик во членот 62 за подносител на листа за кандидати за членови на совет пишува дека потписи се собираат од големината на општината или бројот на жители. Па така во општина до десет илјади жители засега потребни се само 100 потписи. За општина со 100 илјади жители потребни се 350 потписи, додека во општини со над 100 илјади жители 450 потписи.

На почеток