Македонија

СДСМ нема да даде поддршка за внесување на етничката припадност во обрасците за лични карти

Законот за лични карти ги подели владеачките партии. СДСМ нема да даде поддршка за внесување на етничката припадност во обрасците за лични карти. Мислењето го смени откако Европската унија укажа дека тоа не е европски принцип, објави Телма.

БЕСА инсистира на вакво решение во личните карти. Предлог законот го поднесе пред неколку месеци и доби поддршка од другите владеачки партии. Откако Левица го блокираше законот во комисијата со неколку стотици амандмани, БЕСА поднесе амандман со иста содржина на предлогот поднесен од МВР.

Текстот во целост на:  Телма.

На почеток