Македонија

Пожарот во Кочани е ставен под привремена контрола

Во огнената стихија досега изгореа над 150 хектари зимзелена и друг вид шума. Oгнот беше ставен под контрола пред да се прошири во урбаниот дел на Кочани.  Пожарот којшто се акануваше да ги зафати населбите во североисточниот дел на Кочани е ставен под привремена контрола, објави  360stepeni.mk. 

Со помош и на двата хелокоптера на АРМ огнот е локализиран, но се уште не е целосно изгаснат.

Во акцијата за гаснење на огнената стихија учествува пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кочани, како и нивните колеги од Штип, Виница и Македонска Каменица, припадници на Полицијата и Армијата, како и вработени во комуналните претпријатија „Водовод” и „Национални шуми”, јавни институции и месно население.

Во пожарот досега изгореа над 150 хектари зимзелена и друг вид шума, а со ангажираност на сите кои учествуваат во гаснењето на пожарот спречено е негово проширување во урбаниот дел на Кочани.

 

извор: 360stepeni.mk. 

На почеток