Свет

Фатени по гаќи! Полицијата уапси 10 педофили, од малолетничка барале ужасни работи

Во продолжение на акцијата „Армагедон“ во Србија беа уапсени десет лица поради сомневање дека сториле кривични дела прикажување, набавување и поседување порнографски материјали, како и експлоатација на малолетници за порнографија!

Според српското МВР, Т.Г. (1957) од Бор, Е.С. (1992) од Тутин, М.Р. (1993) од Нишка Бања, С.С. (1993) од Врање, Б.М. (1952) од Свилајнац, Д.Б. (1970) од Шабац се уапсени, како и М.Ф. (1970) од Смедерево, Р.Ч. (1959) од Бежеј, Д. М. (1961) од Ушице и З.Џ. (1965) од Аранџеловац, додека кривичната пријава ќе опфати и 57-годишен маж од Лозница.

Се сомничат дека тие контактирале со малолетничка преку социјалната мрежа Фејсбук и побарале таа да се фотографира гола, а потоа да им проследи фотографии и снимки.

Осомничените се обвинети и за испраќање на  фотографии и видеа со порнографска содржина до малолетници и дека договориле состанок со неа со намера да имаат сексуални односи.

На почеток