Иако локалните избори се распишани, а со тоа стартуваше забраната за вработувања и разновидни додатоци на плати и социјални исплати, една третина од буџетарите може да се надеваат на поголеми месечни примања. Тоа им го овозможува Владината уредба донесена во последен час, само ден пред закажувањето на изборите за 17-ти октомври. Антикорупциската комисија смета дека тоа е начин да се премости недостигот од системски закон за платите на буџетските корисници, но со оглед на тајмингот, може да се толкува и како предизборен поткуп, пишува Телма.
За Ивановска е спорно и немањето доволно прецизни критериуми на кого, за колкав обем на работа и за какви посебни задачи му се доделуваат овие додатоци.
Од Министерството за финансии се уште нема објаснување дали во Буџетот се предвидени средства за оваа намена и за колкава сума се работи.
Повеќе Телма