Од здравствен аспект, пописот ќе биде безбеден како да влезете во продавница да купувате намирници, истакна директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. Тој изјави дека по домаќинствата нема да одат триесет луѓе за да создаваат кластери, туку, според него, ќе оди еден попишувач кој ќе ги почитува сите протоколи.
-Законски немаме право да ги лимитираме попишувачите со вакцинација. Сепак поставуваме такво прашање заради информација, а повеќе од половина од пријавените се вакцинирани, а останатите кои не се, имаат волја да се вакцинираат – рече Симовски на Сител.
За оние кои не се вакцинирани, а сакаат тоа да го сторат, првиот човек на Заводот кажа дека во соработка со здравствените власти ќе им обезбедат можност за вакцинација.