Интегрално Ви ја пренесуваме прес-конфренцијата на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:
Пред самиот почеток на прес конференцијата, би сакал да проследиме видео од оваа година на 28 јуни на Венко Филипче, каде на трибина јасно кажува и прогнозира дека во август или септември пандемијата ќе завршела.
Како што гледате Венко Филипче по десетти пат ги лажеше граѓаните дека ќе ја победел пандемијата и дека ќе завршела заврши и ги охрабруваше граѓаните.
Наместо победа над пандемијата, власта на граѓаните им стави лисици со фашистички мерки и им го ограничува правото на движење.
Наместо победа над пандемијата, сега сме пред четвртиот бран за кој докторите и експертите велат дека ќе бил најопасен.
Наместо победа над пандемијата, Филипче почна да ги дели граѓаните на вакцинирани и невакцинирани.
Фашистичките мерки на СДСМ се крајно понижувачки за граѓаните и тоа од власта која им ветуваше победа над пандемијата, а не нов четврт бран.
Власта не смее во ниту еден случај да ги дели граѓаните на вакцинирани и невакцинирани и да им го ограничува правото на движење. Наместо ова треба да применува стимулативни мерки.
Сеуште власта нема јасен став, дали невакцинираните ќе одат на своите работни места, дали невакцинираните професори ќе можат да им предаваат од септември на учениците и студентите, дали невакцинираните во јавната администрација ќе можат да услужуваат странки итн.
Мерката која ја имаат замислено на плажите додека се на одмор, очигледно немаат план како да ја спроведат, а нема ниту да имаат, бидејќи да имаа план, немаше воопшто да отпочнуваат вакво насилие кон граѓаните.
Очигледно е дека та пандемија им е купување време и само одложување на хоророт кој што го истрпи народот во Република Македонија.