Скопје

Еве зошто се важни мерните инструменти на ПМ10 во Лисиче и Гази Баба – Горјан Јовановски им се обрати на политичарите

Горјан Јовановски кој ја има изработено веб страницата Мој Воздух им се обрати на политичарите кои велат дека неисправноста на мерните стаици во Лисиче и Гази Баба не се клучни за активирање на мерките против загадувањето.

„Еве зошто се важни мерните инструменти за ПМ10 во Лисиче и Гази Баба.

Податоците покажуваат дека секоја година, тие 2 станици се на врвот на број на денови надминати од ПМ10 загадување. Со нивно неправилно фукционирање, не може да се добие целосна слика за загадувањето, и секако шансите за активирање на мерките се помали.

Загадувањето од тие области нема магично да се преслика на другите мерни станици низ Скопје. Ова е порака до коментарите од политичарите дека неисправноста на тие 2 станици не е клучна за активирање на мерките против загадувањето“, напиша Горјан Јовановски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток