ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Г.К.(32) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Пријавениот во повеќе наврати во месец март 2021 противправно ја присвоил дебитната картичка на неговиот брат и во осум наврати од банкомати подигнал вкупно 55.000 денари.