Актуелно

Милошоски ги обвинува Заеви дека од Македонија направиле трговска нарко база

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за премиерот Зоран Заев и неговото семејство. Тој обвинува дека: „Нарко кланот Заеви направил зделка со марихуана вредна 85 милиони долари, Македонија станува трговска нарко база“.

„Македонија станува трговска нарко-база на Балканот Вчера е објавена вест за голема зделка со марихуана вредна околу 85.000.000$, меѓу Лесото и Македонија. Лесото е мала, корумпирана, сиромашна земја во јужна Африка, чија влада ги контролира плантажите со канабис. Лесото не е членка на ЕУ, но овој бизнис носи толку многу “суви” пари за фамилијата на власт што ја објаснува намерата на Заев и Филипче да предложат Закон за увоз-извоз на (опојна дрога) сува марихуана со ЕУ знаменце. На владата и е побитно да тргува со опојна дрога за профит на мала група функционери, наместо да создаде услови за странски и домашни модерни инвестиции за развој на економијата“, напиша пратеникот Антонијо Милошоски на „Фејсбук“.

На почеток