Македонија

(ВИДЕО) Лицето кое ги напаѓаше гласачите во Мелбурн сега им се закани

Предводникот на групата која ги снимаше и напаѓаше гласачите во Мелбурн, Јане Мавчев, по затворањето на гласачкото место, преку обраќање на социјалните мрежи гласачите ги нарече „предавници“ и им се закани дека вечно ќе го носат предавничкиот белег со себе.

Oficijalno!MelburnSamo 7 predavnici koi vecno ke go nosat zigot na predavstvoto

Posted by Jane Mavcev on Saturday, September 29, 2018

„Македонија победи! Денес Македонците од Мелбурн испратија многу јасна и чиста порака. Овој референдум не смее да успее. Македонците од Мелбурн не излегоа на овој референдум. Има само 7 предавници кој вечно ќе го носат жигот на предавството. Честито утре нека е, седете дома и игнорирајте го овој предавнички референдум“, рече тој во своето видео обраќање.

Утрово на социјалните мрежи се појавија видеа на кои можеше да се забележи како македонски иселеници во Австралија и најверојатно автстралиски државјани, стојат пред зградата каде е гласачкото место за референдумот во Мелбурн и ги малтретираат и жигосуваат тие што дошле да гласаат. Откако ќе ги снимаат, потоа ги нарекуваат предавници, шиканираат и малтретираат

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток