СДСМ не запира со криминалите, тендерите помеѓу ќерка и татко, сега се прошируваат и со тендер шеми син и мајка, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението на партијата се посочува дека претседателот на Совет на општина Неготино, Диме Витанов, кој истовремено е вработен во ТЕЦ Неготино, преку истата доделува 3 тендери во висина од половина милион денари на неговата мајка, Сијка Витанова, за набавка на кафе и чај.
„Владата во изминатава година и половина не покажа ништо друго освен криминал. 35 милионски тендер во здравство, 10 милиони од Фондот за иновации, 200 илјади од ЈСП, и многу други завршија кај ново формирани фирми, без никакво искуство во областа во која се формирани. Криминалната логика на СДСМ се одрази и на доделувањето на лиценци за испитни центри за спроведување на возачки испити, кои ги добија фирми формирани неколку дена пред да бидат распишани огласите“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека реалниот бизнис тоне, бизнисмените се потиснати од власта и нивите локални моќници, додека луѓе блиски до власта нижат милионски тендери, се наведува во соопштението.