На 24.08.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 22 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 15 возачи управувале возило без возачка дозвола, две возила биле со измината регистрација, четири возачи управувале возило под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.
На 24.08.2021 во периодот од 17.00 до 23.00 часот Секторот за внатрешни работи Струмица презеде засилени мерки за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 25 возачи. Од нив 15 прекршоци биле за некористење на заштитен шлем, 6 за управување по измината важност на осигурителната полиса и 4 за управување без возачка потврда/возачка дозвола. За сите констатирани прекршоци биле изречени соодветни санкции.
На 24.08.2021 во 18.50 часот на автопатот Скопје -Тетово, во близина на наплатна рампа с.Глумово, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Х.(21), К.Х.(23), двајцата од Тетово и Х.Е.(36) од с.Мала Речица, тетовско, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 24.08.2021 во 09.30 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Самоилова“ и сервисна улица што ги поврзува ул.„Самоилова“ и ул.„Иљо Војвода“ во Скопје, патничко возило „цитроен Ц5“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознат возач, удрило во велосипед, управуван од Т.Т.(74) од Скопје и го напуштило местото на незгодата. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
На 24.08.2021 во 18.20 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, при пасошка контрола на С.Б.(44) од Р.Турција, кој допатувал со патничко возило „бмв“, било констатирано дека возилото го управувал со фалсификувана возачка дозвола. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
На 24.08.2021 во 20.00 часот во Полициската станица Аеродром, Б.З.(29) од Гевгелија пријавила дека на ул.„23 Октомври“ била касната од куче скитник.
Во текот на изминатото деноноќие (24.08/25.08.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 85 прекршоци.