Македонија

Јанева и Јанкуловска се среќаваат во затворот „Идризово“

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева веќе еден месец е во затворот „Идризово“, каде што ја издржува правосилната затворска казна од седум години за случајот „Рекет“.

Како што дознава „Фокус“, од доброупатени извори, Јанева е сместена во соба (во женското одделение просториите наликуваат на соби, не на ќелии) заедно со уште една затвореничка. Во истото одделение затворската казна ја издржува и екс министерката Гордана Јанкулоска. Како што дознава Фокус, и двете имаат коректен однос и нема аномозитет меѓу нив, поради што и немало потреба да се ограничи нивното гледање и сретнување.

На почеток