Коронавирус

Филипче сподели кога би следувале нови рестриктивни мерки за заштита од ширење на короната

Не се исклучува да се донесат и нови рестриктивни мерки за да се намали бројот на заразени од коронавирус. Но, тоа зависи од состојбата. За ова извести и министерот за здравство, Венко Филипче. Според него, без разлика со кој сој се заразени лицата, мерките за сите се исти, а вакцинацијата е ефективна за сите соеви.

„За време на овој бран огромен број од починатите, да не речам сите се со хронични болести на кардиоваскуларниот систем и белите дробови“, рече Филипче.

Ќе се сподели и бројот на лица кои се заразиле од по двапати од коронавирусот, анализа направена од Институтот за јавно здравје.

На почеток