„Шилегов е во паника и страв од поразот кој ќе му се случи на 17 октомври и затоа ги пушта своите пајташи на директорот на зоолошката градина Галетановски со навреди и говор на омраза да ја напаѓаат Данела Арсовска“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Целиот говор на омраза и мизогинија на луѓето околу Шилегов е негов производ.
Шилегов е нервозен и во паника, затоа што знае дека губи. Шилегов нема ниту еден проект. Тој вети и не направи продолжување на булевар Илинден и тунел под Кале. Шилегов нема ниту 20% реализација на програмата.
Скопјани имаат јасен избор. Данела Арсовска, успешен менаџер и докажан професионалец е иднината. Шилегов е минатото“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
