Македонија

„Ќе судиме секој ден“, судијата за „Плацови на Водно“ до мајка му на Камчев откако адвокатот не и дојде на рочиште

Обвинетата Ратка Камчева, како помагач во прикривањето на плацевите на Водно на експремиерот Никола Груевски, како и на парите со кои незаконски ги купил, денеска во Основниот кривичен суд кажа дека нема адвокат, бил на јавна седница во Апелација, пишува СДК.мк. Пред да го одложи судењето поради отсуството на адвокат на обвинет, судијата Илија Трпков праша дали место нејзиниот ќе ја застапува некој од бројните присутни адвокати на другите обвинети, меѓу кои и тие на нејзиниот син Јордан Камчев. Не доби позитивен одговор.

„Притворски е предметов. Вашиот син овде има 15 адвокати. Ако нема кој да ве застапува, судењето го закажувам за десетти, за два, за три месеци, ваши се правата и тие ќе бидат испочитувани. Но, од тој ден натаму, за овој предмет ќе судиме секој ден“, рече Трпков.

Повеќе

 

На почеток