Клиничката болница-Битола преку Министерството за здравство остро ги демантира обвинувањата на лицето кое се претстави како сестра на починатиот 24-годишен пациент од Ресен. Оттаму за „Скопје1“ најостро ги информациите дека пацинетот бил физички малтретиран.
„Според податоците во системот, 24 годишниот пациент од Ресен кој почина како последица на Ковид-19 тој на инфективното одделение во болницата во Битола е примен на 24 август како суспектен на болеста. Кај пацинетот било извршено тестирање за корона и тестот е со позитивне резултат. За време на првата хоспитализација во КБ Битола, пациентот дошол со ниска сатурација и отежнато дишење, биле направени сите потребни лекарски проверки, утврдено е дека има масивна бронхопневмонија, ниска сатурација и веднаш му била дадена терапија и бил ставен на кислородна поддршка. Откако ја примил терапијата, пациентот одбива да остане на болничко лекување, иако запознаен со сериозноста на состојбата и потребата од доиследување, пациентот бара да биде пуштен на домашно лекување“, велат од МЗ за „Скопје1“.
„По потпишана изјава дека си оди на сопствена одговорност, пациентот е испишан со препишана терапија која треба да ја прима во модуларната болница во Ресен. На 25 август, пациентот во КБ Битола е донесен од болницата во Охрид. Веднаш е хоспитализиран во тешка општа состојба со ниска сатурација, поставен на двојна кислородна поддршка, интензивна терапија, но и покрај тоа постојано му се влошува состојбата и паѓа сатурацијата. На 27 август утрото и покрај обидите на лекарите да го спасат, пациентот починал“, додаваат оттаму.