Македонија

Нинџа беше на викед, ќе може да оди на одмор, а во затвор пере автомобили

Александар Василевски Нинџа, правосилно осудениот на казна затвор во траење од 7 години за настаните од 27 април во Собранието, вчера на време се вратил од викенд отсуство, дознава МКД.мк. Нинџа минатата недела на 2 септември прв пат беше излезен на викенд кој му следува откако одлежа една третина од затворската казна, и требаше да се врати вчера до 16 часот, но тој на капијата во Истражниот затвор во Шутка, се појавил еден час пред истекот на времето.

Како што пишува МКД.мк, сега е во полуотвореното одделение во затвор и е работно ангажиран, односно работи во возниот парк во склоп на Казнено-поправната установа и ги пере автомобилите.

Нинџа до сега од вкупната затворска казна од 7 години, има издржано 3 години и 3 месеци.

Работната задача осудениот ја добил неколку дена пред Управата за извршување на санкции да му одобри да излезе на викенд.

Сега откако се води како работно ангажиран во Истражниот затвор во Шутка, освен викенд отсуство, по истекот на 6 месеци ќе може да користи и годишен одмор.

На почеток