Македонија

И Спасовски за скандалот со дипломатот кој се барал со потерница: Тогаш министер беше Чулев

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на реконструираниот објект во Куманово, одговарајќи на новинарско прашање за македонскиот дипломат во Србија, рече дека меѓународната потерница за дипломатот ја распишала Ерменија на 25-ти февруари 2020 година, во период кога тој бил претседател на Владата.

– Во 2019-та година има информации коишто ги добива Министерството за внатрешни работи во смисла дека е можно да имаме вклученост на наши дипломати во одредена постапка, за тоа веднаш е известено Министерството за надворешни работи, меѓутоа во тој момент немало меѓународна потерница за ниту еден дипломат. Сакам да ја информирам јавноста и вас дека меѓународната потерница е распишана од страна на Ерменија на 25 февруари 2020 година, во тој момент јас сум претседател на Владата, а министер за внатрешни работи беше господинот Наќе Чулев, што во тој момент е направено дали е известено МНР, не ли е известено, јас немам детални информации за тоа. И нормално сега, кога се случи овој настан, ние сме информирани преку нашиот сектор за меѓународна соработка за тоа што се случило и информациите сме ги пренеле до МНР, така што таму постои еден сплет на настани за коишто сигурно и МНР ќе даде докрај сите информации коишто се потребни-изјави Спасовски.

На почеток