Македонија

Прекинат е пописот, има проблем

Малку по 11 часот попишувачите ангажирани за пописот на населението, го алармирале Државниот завод за статистика дека не можат да влезат во апликацијата за пописот.

Директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски за МКД.мк изјави дека не е проблем апликацијата, туку дека проблемот е глобален, односно има проблем со интернетот во целата земја. Симовски изјавил дека го известиле Телеком и дека очекуваат во најкус временски период техничките проблеми да бидат отстранети и попишувањето на терен да продолжи нормално, како во текот на вчерашниот ден.

На почеток