Македонија

Обвинителство за референдумот: Следиме сè, сликање на гласачи веднаш ќе биде казнето

Комисија за следење евентуални противправности сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот ја известува јавноста дека континуирано ги следи сите случувања поврзани со гласањето.

Од обвнителството велат дека објавувањето на фотографии на гласачи е противправно дејствие кое го нарушува процесот на гласање и претставува попречување на правото на гласање.

„Ја известуваме јавноста дека секое сликање, снимање на гласачи при остварување на нивното право, како и било какво попречување на гласањето и процесот на спроведување на референдумот не се дозволиви согласно на закон. Вакви дејствија преземени во текот на процесот на гласање, ќе бидат предмет на приоритетно постапување на јавното обвинителство. Комисијата продолжува перманентно да го следи процесот на гласање, за што се воспоставени и дополнителни дежурства во јавните обвинителства. За евентуално извршени кривични дела и поведени постапка против сторителите јавноста ќе биде информирана, пишува во соопштението на ЈОРМ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток