РЕК Битола повторно во прекин, ова е втор прекин во блокот два, а не минаа ниту 20 дена како е ставен во функција по редовниот ремонт кој траеше 47 дена и чинеше неколку милиони евра, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ и бараат раководството на АД ЕЛЕМ да одговори, зошто по толку скап ремонт, по само десетина дена, два пати се расипува вториот блок на РЕК Битола.
„Зошто ЕЛЕМ ги крие вистинските причини за овие зачестени испади? Како може веднаш после ремонт на блоковите да се случуваат вакви хаварии Колкава е штетата од загадувањето? Ако сега има експлозии во Блоковите, што ќе се случува зиме? Дали истото ќе го снајде и третиот блок чиј што ремонт, според најавите е во тек и ќе трае до 15ти октомври? Пресметката вели дека еден час неработа на еден блок во РЕК Битола ја чини државата над 7.500 евра, додека еден ден неработа дури над 180.000 евра!“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Од партијата додаваат дека според нивните пресметки, штетата од вчерашниот испад поради потрошувачката на 150 тони мазут, поправките што следат и непроизводството на електрична енергија изнесува најмалку 300.000 евра.