Македонија

ТРАГЕДИЈА: Од коронавирус почина 18-годишна девојка од Гевгелија

Осумнаесет годишно момче е меѓу 31 пациенти кои починаа од КОВИД во изминатите 24 часа. Момчето е од Гевгелија.

Во последните 24 часа се направени 2.778 тестирања, а регистрирани се 256 нови случаи на КОВИД-19:
Регистрирани сe 545 оздравени пациенти, а пријавени се 31 починато лице. Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 4 се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.206.597 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи изнесува 13.631.
На почеток