На социјалните мрежи е објавена слика од медицинско лице ко вчера тргаично го загубило животот во пожарот во тетовската модуларна болница.
„Со длабока болка и тага ги известуваме сите наши соработници и пациенти дека на ден 08.09.2021 година трагично го загуби животот во синоќешниот пожар нашиот долгогодишен здравствен работник Ферди Шакири, добар пријател, другар, верен работник, добар сопруг и татко. Изразуваме длабоко сочувство до семејството“, стои во објавата на Фејсбук.
Претходно министерот Венко Филипче на прес-конференција изјави дека ниту едно од починатите лица не е медицински работник.
„Во тетовскиот ковид центар, имало двајца лекари, четири медицински сестри и 24 пациенти. 12 пациенти кои се евакуирани се во стабилна здравствена состојба, нема починати и повредени здравствени работници, а на судска медицина се предадени телата на 14 пациенти“, изјави Филипче.