Македонија

Филипче поднел оставка, закажана прес-конференција за во 19 часот

Министерот за здравство, Венко Филипче поднел оставка од функцијата, дознава „Скопје1“ од неофицијални извори во Владата. Според информациите, за ова тој ќе обзнани на прес-конференцијата во 19 часот, која веќе е закажана. Овој чекор доаѓа по пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица. Засега нема потврврда за информацијата. Одлуката на Филипче е по силен притисок на јавноста, иако вчера, кажа дека ќе остане на функцијата до завршување на истрагата.

За да оставката биде констатирана, треба да биде свикана седница на Влада и да се прифати од претседателот Зоран Заев и останатите министри.

Првата оставка ја поднесе директорот на Клиничката болница Тетово, Флориј Бесими. За тоа обзнани на „Фејсбук“.

„Како доктор, кој цел мој професионален живот сум го посветил во лекување на моите сограѓани и како прв човек одговорен во Клиничката болницата во Тетово, со која раководам последниве години, чувствувам морална и етичка одговорност од страшниот настан во кој згаснаа човечки животи“, напиша Бесими на својот профил на Фејсбук, соопштувајќи дека дава оставка од раководното место.

Оставка поднесе и заменик-министерот за здравство, како и економскиот директор на тетовската болница.

На почеток