Македонија

Филипче за оставката: Жалам за загинатите, се повлекувам од морални причини

Иако вчера рече дека ќе чека да заврши истрагата, министерот за здравство Венко Филипче даде оставка од функцијата, како што веќе објави „Скопје1“. Причината за ова е моралната одговорност откако во Тетово изгоре модуларната болница и одзеде 14 животи на пациенти. Тој по констатирањето на оставката се враќа неврохирургија.

„Пред граѓаните стоев транспаретно, никогаш не бегав од критика, не останав должен за одговор. Сите одлуки кои ги донесовме беа со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Последната трагедија многу ме погоди, жалам за загинатите. Нема зборови за тоа да се надомести загубата. Како лекар и министер имам интегритет затоа од морални причини понудив пишана оставка. Сакам да се заблагодарам на сите кои веруваа во мене. Сакам посебно да се заблагодарам на медиумите за нивната транспарентност и посветеност која ја добив во најтешките моменти“, рече Филипче.

Неговата оставка треба да биде прифатена од Владата и министрите на седница. По ова, ќе се назначи нов министер за здравство. Од функциите се повлекоа и заменик-министерот за здравство Илир Хасани, како и двајца директори од Клиничката болница во Тетово.

Филипче на функцијата беше назначен во декември 2017 година, по повлекувањето на Арбен Таравари од Алијансата на Албанците кој беше избран за градоначалник на Гостивар.

На почеток