Пет дена по пожарот во тетовската модуларна болница, каде 14 пациенти ги загубија животите, одговорност не понесе никој. Роднините се гневни, граѓаните бараат правда – истрагата во тек. Засега, не се констатирани ниту оставките на директорот на тетовската клиника Флорин Бесими и економскиот директор, Артан Етеми. Нивните повлекувања наидоа на поддршка од јавноста и беа поздравени како добар чин на морална одговорност, но која ќе е одлуката на министерот Венко Филипче, не се знае. Засега двајцата остануваат на функција.
Оставки од морални причини дадоа и министрите Венко Филипче и Илир Хасани. Оставката на Филипче јавноста ја оцени како театар, бидејќи дојде ден откако тој на прес-конференција кажа дека не се повлекува додека не заврши истрагата, излезе со обраќање дека понудува оставка, а не непонира неотповиклива оставка. По ова, премиерот Зоран Заев не го дава Филипче и не носи одлука за разрешување додека не заврши истрагата. Ова беше оценето како „лош ПР трик“.
Иако сите четворица, како што кажаа, „чувствуваат морална одговорност“, сите си останаа на функциите. За тоа време, Обвинителството испитува која е причината за пожарот, како се раширил толку брзо, зошто немало целосна евакуација на пациентите, што правеле дел од нивните роднини во болницата, чија е одговорноста. Одговор на сите овие прашања беше најавен во најбрз рок. Во Македонија доаѓаат и германските истражители, кои треба да помогнат на обвинителите.