„Колку криминалци треба да избегаат за да министерот за правда Бојан Маричиќ си поднесе оставка. Само во Македонија затвореник предизвикува сообраќајна со смртни последици и од затвор оди во притвор. Само во Македонија со Бојан Маричиќ министер криминалците се на слобода наместо во затвор, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.
„Ден Дончев видовме како зема туце со пари и си замина во Австралија наместо во Шутка.
Драги Рашковски наместо во затвор си е дома, иако отворено праќаше пораки осомничените да не кажуваат се пред обвинителите.
Само во Македонија криминалците си поигруваат со правдата и законите.
Бојан Маричиќ со неговиот шеф Зоран Заев се најголемите убијци на правдата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.