Новинарката и критичар на власта, Јорданка Ивановска-Јоци, по изјавата на премиерот Зоран Заев дека министерот за здравство Венко Филипче. натаму оди на работа, смета дека во неговата канцеларија има многу документи кои не смее да ги види никој друг.
„Венко Филипче уште одел на работа, изјавил Заев. Не му дале одмор додека трае истрагата, а… беше оптегнат на плажа додека Малешевијата гореше. Има многу документи во таа канцеларија, па изгледа мора да биде таму во моментов да не ги види друг. На крај ми се чини странски криминалисти ќе го истражуваат цело СДСМ. Ах, да…и директорите на Венко“, напиша Јоци.