Македонија

Кичеец не може повеќе да работи додека е во затвор

Управата ја извршување на санкции извести дека Зоран Милески-Кичеец нема да може повеќе да ги користи поволностите како одење на работа, слободни викенди и слично. Ова е последица на сообраќајката која ја направи додека имаше 30-дневен прекин во издржување на казната.

“Ја информираме јавноста дека осуденото лице Зоран Милески – Кичеец е преместено од отворено во полуотвореното одделение во Затворот Струга. Тоа значи дека тој повеќе нема да може да ги користи олеснувањата кои ги добиваат сите осудени лица во отворените одделенија. Причина за ваквата одлука е новата кривична постапка која се води против Милески. Со ова решение тој ќе продолжи да ја издржува затворската казна и ќе биде достапен за истражните органи”, велат од Управата.

На почеток