Актуелно

Мојсоска до Нухиу: Министеров што незаконски стана доцент порачува попишете се по терк на ДУИ

Заменик министерот за правда Агим Нухиу во улога на функционер на ДУИ ги повика граѓаните, но и дијаспората да се попишат, бидејќи и тие ќе влезат во вкупниот број на попишани граѓани. По ова, Јована Мојсоска, член на Президиум на Левица, остро реагираше на социјалните мрежи.

Министеров што незаконски стана доцент на Тетовскиот универзитет и кој се закануваше на инспекторот Илиевски, сега ви порачува – попишете се на пописот по терк на ДУИ! Никаде во светот не се попишува дијаспора според Конференцијата на европски статистичари, за да се одбегне двојно попишување. Лицата кои се отсутни над 12 месеци се попишуваат во државите во кои живеат и која држава гради економски политики, согласно бројот на резидентно (присутно)население. Да учествуваш во ваква талибанска методологија за спас на ДУИ е безумие, опортунизам од најгнасен вид и предавство“, напиша Мојсоска.

На почеток