Македонија

Царовска: Дали ќе има интерна трансмисија или не, нема да коментирам

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Според последниот пресек на Министерството за образование и наука добиен од училиштата, околу 0,02% од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на Ковид-19, истиот процент е и кај наставниците. Од почетокот на учебната година до сега активни случаи од учениците биле 0,2%. Дел од нив се веќе негативни и вратени на училиште, а дел се уште се во изолација, информираат од Министерството за образование.

„Дали ќе има интерна трансмисија или не, нема да коментирам. Сведоци сме на континуирана трансмисија постоајно, училиштата не се надвор од тоа. Наше да направиме се училиштата да продолжат да функцинираат. Ако стигне аларм, министерството спремно да го спроведе“, рече Царовска.

„МОН не издава решенија за изолација. Јас не можам да комуницирам со бројка на изолација. 2 проценти од учениците од основно се со онлајн учење, а 7 проценти во средно образование. Вкупен број ученици е 240 илјади ученици“, додаде Царовска потенцирајќи дека во средното образование процентот е поголем бидејќи онлајн учеа учениците од Тетово и Гостивар поради владината одлука.

На почеток