Според експертите, премиерот Заев нема право или обврска да одлучува дали да ги прифати или не оставки на министерот Филипче и неговиот заменик, Хасани, туку тие треба веднаш да бидат процесуирани. Професорот Јетон Шасивари, вели дека доколку се игнорира оставката на министерот Филипче, тогаш одговорноста паѓа врз целата Влада.
„Ако премиерот одлучи да ги игнорира овие морални оставки, тогаш автоматски овие оставки ќе се трансформираат во колективна одговорност на Владата. Тоа практично значи дека во нашата земја постои многу ниско ниво на политичка култура и политичка традиција. Пораката која се праќа до јавноста е дека во нашата држава поимот министер и морална одговорност се само апстрактни поими. Значи, проблемот е во премиерот бидејќи тој ја блокира уставната и парламентарната процедура. Додека е тоа така, тој е надвор од уставните рамки на член 94 став 1, кој предвидува дека министерот има право да поднесе оставка, што во оваа ситуација е направено и од министерот и од заменик-министерот за здравство“, рече Јетон Шасивари. Професор по уставно право.
Извор Алсат.