Актуелно

Маричиќ: Разрешени се 16 судии, останатите се оценуваат, во таа насока треба да се движи и Обвинителството

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, смета дека како што се разрешуваат судии, така треба да се разрешуваат и јавни обвинители, согласно критериумите кои се зададени во законите донесени согласно Стратегијата за реформи во правосудството. Смета дека со таа стратегија, се отклонуваат и главните забелешки на Европската Унија.

„Сеа имаме сет на закони за на објективен начин да се оценува работата на судиите и обвинителите, да се избираат и разрешуваат по пообјективни критериуми и тие закони даваат резултати. Тоа е всушност оној дел на прочистување на судството. 16 судии се разрешени, останатите се оценуваат. Исто така во таа насока треба да се движи и Јавното обвинителство“, рече Маричиќ.

Тој е задоволен од спроведувањето на реформите.

„Стратегијата за реформи во правосудството е многу важна бидејќи беше донесена во 2017 година. По долго време, бидејќи претходната беше 2005 година. Така што, по сите политички кризи, кризи на нашиот систем, заробената држава, во 2017 година беше донесена многу амбициозна стратегија која се уште се спроведува и ќе се спроведува до крајот на наредната година. Јас сум задоволен од спроведувањето на таа стратегија, секогаш можеме подобро и повеќе. Беше една многу важна фаза, за поставување на добри реформи во правосудството. Врз основа на таа стратегија беше една од долгогодишните забелешки на ЕУ, а тоа е необјективното или полу објективното, односно нејасните критериуми за избор и разрешување на судиите и обвинителите. Тоа е решено.

На почеток